Шмиц Каргобул Македонија ДООЕЛ е ќерка фирма на Schmitz Cargobull AG со седиште во Скопје. Компанијата е присутна на македонскиот пазар повеќе од 25 години, а во 2023 година основа и своја ќерка компанија во Тирана, Албанија.
Фокус на нашите вработени првенствено е продажбата на нови и користени полуприколки, продажба на резервни делови и дигитални услуги. Шмиц Каргобул Македонија поседува т.н. Light House - SERVICE VAN – сервисно возило со тим од двајца фриго- техничари за сервисирање и одржување на разладни уреди.
Во пријателска атмосфера Нашиот тим од 10 вработени работи посветено во своите сегменти и нивната работа се темели на взаемна доверба и почит кон сите соработници на Шмиц Каргобул Македонија.